Nikola ја доби првата битка против Tesla

277

Nikola, чие седиште е во американската сојузна држава Аризона, дебитираше со цртеж на камион под ознаката One, кој пред јавноста беше прикажан во мај 2016 година, додека првиот прототип беше подготвен осум месеци подоцна. Една година подоцна, компанијата Tesla го претстави моделот Semi.

Двата камиони неодоливо потсетуваат еден на друг, особено кога станува збор за централно поставените врати и стилот на предното ветробранско стакло, но според многумина сите камиони си наликуваат, па со самото тоа Tesla се чини дека не направи ништо што другите произведувачи не го прават веќе со децении.

Тука настанува проблемот за Илон Маск, бидејќи Nikola го патентираше решението за дизајнот на својот камион уште во 2015 година, па со самото тоа позицијата на вратите и ветробранското стакло кои ги усвои Tesla, ги кршат правните правила. Следуваше тужба вредна две милијарди долари, и тоа во мај 2018 година, а во истата Nikola тврди дека дизајнот на Tesla може да предизвика конфузија меѓу купувачите како и припишување на потенцијалните проблеми од Tesla на Nikola, доколку јавноста не може да ја забележи разликата меѓу двете возила на прв поглед.

Првиот потег на Tesla беше барањето да се отфрли тужбата од причина што наводно стилските линии не можат да бидат копирани освен ако се идентични, па најпрво се одолговлекуваше целата ситуација и се „влечкаше“ по судови во спор против официјалната американска организација за патенти USPTO. На тој начин Маск се надеваше дека ќе го победи Nikola, без воопшто и да води правна битка со оваа компанија, бидејќи ривалот на тој начин не би го поседувал веќе актуелниот патент.

Основачот и претседател на Nikola, Тревор Милтон, неодамна на својот Twitter профил објави дека ривалот го загубил спорот против USPTO, што значи дека тужбата е се уште актуелна. Додека спорот трае, Nikola во моментов работи на сериското производство на електричниот модел Tre како и идниот модел One, кој ќе пружа погон на водород. Неговиот партнер во процесот е компанијата Iveco, па One сигурно ќе се појави и во Европа под ознаката на оваа италијанска фирма.

Доколку Nikola излезе како победник на суд, Tesla ќе се соочи со две опции. Едната е да го промени стилот на својот камион, а втората опција е да му плати на својот ривал обештетување за секој продаден примерок.

Преземено од Avtoplus.mk