Дизелот поевтинува, бензините со повисоки цени оваа недела

207

Горивата од полноќ добиваат нови цени, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Според новата одлука, бензините поскапуваат од пола до еден денар, додека дизелот поевтинува за половина денар. Па така, еден литар Еуросупер БС – 95 поскапува за денар и ќе чини 50,50 денари. За пола денар поскапува Еуросупер БС – 98 со што неговата нова цена ќе биде 52,50 денари.

Дизелот поевтинува за половина денар, па еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 42 денари. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде повисока за половина денар и ќе се продава по 31 денар.

Фото: Pixabay