Нова пратка вина на Стоби во САД

49

stobi-vinarijaВинаријата Стоби ја зголемува продажбата на пазарот на САД преку пласирање на своите производи во неколку специјализирани маркети за вино во регионот на Чикаго. Вината Вранец и Жилавка отсега ќе можат да се најдат во 15 маркети од ланецот Binny’s Beverage, кои се лоцирани во градот Чикаго и околината.

“На прагот сме на огромен предизвик – претставување и ширење со производите во една од најголемите држави – потрошувачи во светот, а истовремено и еден од пазарите каде потрошувачите бараат исклучително висококвалитетни производи, вклучувајќи го и виното. Првичната пратка која беше испратена за САД е целосно откупена од маркетите за алкохолни пијалаци и веќе втората пратка на Вранец и Жилавка е на пат кон Чикаго, за кој се надеваме дека ќе претставува само почеток на нашиот пласман на вина во Америка“, изјави Лидија Трајковска, комерцијален директор на Перминдекс, во чиј состав е Винарија Стоби.

Пласманот на вината на Винарија Стоби на американскиот пазар е дел од иницијативата Balkan Wine Project – платформа креирана со цел да презентира и пласира вина од винариите во регионот низ американските маркети специјализирани за алкохолни пијалаци. Од винариите кои се дел од оваа платформа, Винарија Стоби е единствениот македонски претставник.