Поимот “сигурна работа“ што го познаваат нашите родители денес веќе не постои. За нив една фирма беше решение за цел живот, а за нас денес не е сигурна дури ниту една професија, бидејќи може да се променат неколку во текот на работниот стаж.
Со каков деловен свет се соочуваат родителите и припадниците на генерацијата X и дали генерацискиот јаз ќе се продлабочи поради деловното окружување?
“Работа во државна фирма е сигурна работа“, е мантра што ја поврзуваме за последните децении од минатиот век. Сето останато не само што не е сигурно, туку е и непромислено. Кој бира неизвесност наместо безгрижност, е една од тезите на Talas.rs.
Поголемиот број на фриленсери се високообразовани, млади професионалци со завршени студии по архитектура, дизајн, маркетинг, софтверско инженерство и економија. Најголем број од работниците кои ја работат својата работа преку интернет не доаѓаат од сферата на информатичките технологии. ИТ експертите се дефицитарен кадар во целиот регион и немаат проблем да најдат работа во offline.
Фриленсерите можат да “жонглираат“ со повеќе проекти во исто време и постојано се во потрага по нов ангажман. Претходно, економијата во којашто се активни овие профили се нарекуваше sharing или collaborative, додека денес се нарекува gig економија. Флексибилното работно време и локацијата се двата главни бенефити што го наведуваат фриленсерите.
Дигиталната револуција од корен го менува начинот на кој работиме, односот кон работата. Оние кои со години работат во една компанија се изложуваат на опасност да го “саботираат“ своето знаење и со тоа да бидат помалку конкурентни на пазарот на труд.
Денеска сте можеби новинар, утре ќе работите како copywriter, а потоа може да работите и на некаков дизајн… Промената на професиите нам ни е како судбина и тоа повеќе пати во текот на работниот стаж. Тоа можеби е несигурност, но и во исто време овозможува и голем простор за креативност, учење и стекнување нови искуства.
Фото: Pixabay