Истанбулската Капали чаршија ги отвора вратите за посетители

262

Истанбулскиот 559 години стар Grand Bazaar или познат како Капали чаршија, ќе ги отвори своите врати за посетители на први јуни, по двомесечна пауза, пишува Daily Sabah.

Ќе бидат воведени строги мерки при влезот на сопствениците на дуќаните и посетителите. Се воведува и ново работно време, па наместо од 8 до 18 часот, ќе работи од 10 до 16 часот. Сите работници и посетители ќе бидат обврзани да носат маски и да се придржуваат на правилата на социјална дистанца, а нивната температура ќе се мери пред влезот.

Отприлика 25.000 луѓе работат во 4.000 продавници во Капали чаршија, којашто е затворена на 24 март, во рамки на мерките за спречување на Ковид -19.

Фото: Pixabay