Лани увезено млеко во земјава во вредност од над 27 милиони долари

Увозот на млеко во светски рамки достигна вредност од 29,4 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports. Македонија е 93-та во светот според увоз на млеко во вредност од 27.161.000 долари.

Најголем увозник лани беше Кина со 4,2 милијарди долари. Меѓу петте најголеми увозници на млеко во светот се и: Германија (1,8 милијарди долари), Хонг Конг (1,6 милијарди долари), Белгија (1,3 милијарди долари) и Холандија (1,2 милијарди долари).

На регионално ниво се: Грција (260 милиони долари), Хрватска (120,5 милиони долари), Бугарија (89,4 милиони долари), Словенија (41,3 милиони долари), Босна и Херцеговина (31,6 милиони долари) и Србија (30,9 милиони долари).

Фото: Pixabay