Пандемијата предизвика голема криза чии последици не се само од здравствена, туку и економска и социјална природа. Инвеститорите се посебно претпазливи кога се работи за вложување во непредвидливи услови. Дали и во што е паметно да се инвестира додека трае кризата е прашање на коешто треба да се даде претпазлив одговор.
Некои експерти сметаат дека во услови на криза е најпаметно да се инвестира во индустрии што се отпорни на актуелните шокови, па тука природно припаѓаат индустриите за храна, технологија, енергија… Овие сектори имаат ултимативно значење и за нивните производи постои константна побарувачка.
Прехранбената индустрија има сериозна задача да ја нахрани светската популација, којашто константно бележи раст. Па затоа, оваа дејност е отпорна на криза и шокови. Од друга страна, компаниите што се дел од оваа индустрија, имаат потешкотии во работата додека трае актуелната состојба. Тоа е поради недостигот на работна сила, проблеми со снабдување на суровини, прилагодување на работата кон корона кризата, физичка дистанца меѓу вработените и слично. Сепак, со подобра логистика и поддршка овој сектор не дозволува полиците во маркетите да останат празни.
Енергетскиот сектор е круцијален во општествениот систем, бидејќи доколку тој колабира, тоа ќе се одрази врз целокупното наше живеење. Поради неговата важност и стабилност, тој е посебно интересен, но и сигурен за инвеститорите.
Технологијата и нејзините придобивки ја покажаа својата позитивна страна во услови н криза, па затоа експертите сметаат дека е паметно да се поддржи и да се инвестира во уреди што секојдневно се користат, а се значајни и во услови, но и по кризата.
Фото: Pixabay