Ги напушта сите функции, основачот на Alibaba сака да се посвети на филантропија

178

Јапонскиот конгломерат SoftBank соопшти дека коосновачот на кинеската технолошка компанија Alibabа, Џек Ма ќе поднесе оставка во нејзиниот Управен одбор.

Ма, кој во септември даде оставка на местото извршен претседател на Alibaba, одлучил да се повлече од сите формални деловни функции и да се фокусира на филантропија.

SoftBank на своето годишно собрание кое треба да се одржи на 25 јуни, ќе предложи три нови имиња за својот одбор, со што ќе се прошири на 13 членови.

На листата кандидати се наоѓа и Јуко Кавамото, професорка на Waseda University, која би станала прва жена во управата на банката.

Фото: Facebook