Џек Ма се повлекува од Alibaba

71

Џек Ма од денеска веќе не претседател на најпознатата кинеска онлајн продавница, Alibaba. На негово место доаѓа досегашниот главен извршен директор во Alibaba, Даниел Џанг, пишува CNBC.

Ма и во следните 12 месеци ќе работи како извршен претседател на Alibaba за да може транзицијата на Жанг да оди непречено. Тој во целост планира да се посвети на филантропијата, а своето заминување во пензија планира да го прослави со голема забава во градот Хангжу, каде што се наоѓа седиштето на Alibaba.

Ма во 2014 година ја основаше Jack Ma foundation, а како инспирација за нејзино основање ја наведуваше фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Милијардерот Ма две децении ја градеше империјата наречена Alibaba, којашто денес надминува вредност од 460 милијарди долари, а неговото лично богатство е повеќе од 38 милијарди долари.

Фото: Facebook