Основачот на Alibaba следната година ја напушта својата функција

11

Џек Ма, основачот и извршен претседател на гигантот за онлајн трговија Alibaba, планира да ја напушти сегашната функција за една година, пишува BBC.

Вестите им биле соопштени на клиентите и акционерите преку писмо од господин Ма, кој е моментално еден од најбогатите луѓе во Кина. На негово место планирано е да дојде Даниел Џанг кој сега ја врши функцијата на главен извршен директор.

Тој ќе го наследи Џек Ма на 10 септември 2019 година како извршен претседател на една од највредните компании во светот.

Пред да ја основа Alibaba in 1999 година Ма бил учител по англиски јазик, па негова желба е некој помлад и поталентиран “ученик“ да ја наследи неговата работа.

Сепак, Ма ќе биде дел од одборот на директори до следниот состанок на акционерите во 2020 година и дел од Alibaba Partnership до крајот на животот.

Alibaba оствари приходи од 39,9 милијарди долари заклучно со март 2018 година.

Фото: Facebook