Еврозоната ќе се врати на ниво пред пандемијата дури следната година

49

Економијата на еврозоната веројатно нема да се врати на нивото пред пандемијата пред идната година, а закрепнувањето би можело да трае и подолго, изјави главниот економист на Европската централна банка (ЕЦБ), Филип Лејн.

“Во секој случај, гледано од сегашна перспектива, се чини дека економската активност нема да се врати на нивото пред кризата пред 2021 година, а закрепнувањето би можело да трае и подолго“, изјави Лејн.

ЕЦБ континуирано ја следи состојбата и се подготвува по потреба да ги прилагоди сите инструменти, вклучително и програмата за итни случаи во време на пандемија.

“Ако забележиме дека условите за финансирање се премногу строги или дека притисокот на одредени пазари на обврзници не ги одразува економските показатели, можеме да ја прилагодиме вредноста или роковите“, вели претставникот на ЕЦБ.

Фото: Pixabay