Швајцарската влада одобри итна помош за медиумите кои имаат пад на приходите од реклами, како резултат на пандемијата од коронавирусот. Владата одобри пакет од околу 54 милиони евра, предложени од законодавците, бидејќи, како што наведоа, “медиумите имаат посебно значење за демократијата“.
Радио и ТВ станиците ќе добијат 28 милиони евра, додека дистрибуцијата на весници ќе се субвенционира за шест месеци со 16,5 милиони евра.
Издавачите кои земаат средства мора да се обврзат да не плаќаат дивиденди на акционерите за 2020 година.
Владата соопшти дека ќе издвои девет милиони евра за плаќање на претплата за електронски медиуми на швајцарската новинска агенција Keystone-SDA во текот на шест месеци.
Фото: Pixabay