Италијанката Клаудија Боргоњо на хуманитарна лотарија доби слика на Пабло Пикасо, вредна еден милион евра.
Во аукциската куќа Christie’s во Париз се одржа електронска ждрепка за сликата Nature Morte на Пикасо.
Биле купени 51.140 лозови, по цена од 100 евра, во повеќе од 100 земји, но најголем број биле продадени во Франција, САД, Швајцарија и Италија.
Средствата ќе се искористат за обезбедување вода за руралните области во Мадагаскар и Камерун.
Организаторите изјавија дека победничкото ливче било купено во Италија во декември.
Сликата била дел од колекцијата на милијардерот Дејвид Нахмад кој е сопственик на 300 дела на Пикасо.
Фото: YouTube Printscreen