БДП не покажува што е важно за граѓаните, затоа оваа земја воведува индекс на среќа

90
Characters of people holding positive emoticons illustration

За Мексико, бруто домашниот производ (БДП) не е добар показател за благосостојбата на граѓаните па затоа оваа земја реши да воведе индекс на среќа, соопшти претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Индикаторот заеднички ќе го развиваат економисти, математичари, социолози, психолози и други експерти, а ќе се користи за мерење не само на економскиот раст, туку и на нивото на нееднаквост и среќа на населението, рече мексиканскиот претседател, избран од редовите на левицата, пренесува Novac.

“На технократите тоа нема да им се допадне, но за нас би можело да биде добро, и секако нешто ново“, објасни Обрадор.

Меѓународниот монетарен фонд очекува мексиканската економија да се намали за 6,6% оваа година, по стагнацијата во 2019 година.

Фото: Freepik