Макпетрол, во периодот јануари – март оваа година, прикажа загуба од 27.824.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во првите три месеци од минатата година, компанијата оствари добивка од 57.890.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви март оваа година, достигнаа ниво од 4.840.540.000 денари. Од нив, поголемиот дел од 4.651.489.000 денари е остварен на домашен пазар, а остатокот од 189.051.000 денари е реализиран на пазари во странство.
Фото: Freepik