Загуба од 9,9 милиони денари за Интернешнел хотелс во првиот квартал

119

Интернешнел хотелс, во период од први јануари до 31-во март оваа година, прикажа загуба од 9.923.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во првите три месеци од 2019-та година, компанијата работеше со загуба од 11.157.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви март оваа година, достигнаа 8.955.000 денари, додека истиот период лани имаа вредност од 12.137.000 денари.

Инаку, Интернешнел хотелс е компанија што раководи со Хотел Континентал во Скопје. Хотелот нуди 194 соби и шест апартмани, а во негов рамки има и ресторан, ноќен клуб, бизнис центар…

Фото: Facebook