Необични закони за работа што важат само во овие земји

150

Oд САД до Индија, работниците треба да се прилагодат на разни необични правни одлуки, поврзани со работното место. Секоја земја има свои закони, а во повеќето случаеви тие се исти или слични. Меѓутоа, има земји кои вовеле “чудни“ правни рамки.

Во Америка, нема закон којшто гарантира дека работниците може да користат чести паузи за тоалет. Технички, работодавецот може тоа да го ограничи.

Кој во Нов Зеланд носи “смешна капа“ може да очекува 10% одбивање од плата. Тамошните работодавци таа модна грешка ја толкуваат како кршење на дрес кодот на компанијата.

Во Јапонија повремено се мери струкот на вработените. Станува збор за Метабо закон, којшто е усвоен со цел да се намали бројот на оние кои имаат прекумерна тежина. За мажи дозволен обем на струк е 85 сантиметри, а за жени 90 сантиметри. Ако го надминат во наредните три месеци ќе мора да го вратат, инаку им следи пропишана диета.

Кина има закон којшто вели дека жените не смеат да извршуваат работи за кои владата проценила дека се физички напорни (како копање или сечење дрва).

Саудиска Арабија донесе закон според којшто мажите не смеат да работат во објекти каде се тргува со женска облека или козметика, пишува Telegraf.

Во Индија компаниите кои имаат повеќе од 100 вработени не можат никого да отпуштат без дозвола на владата, а Мадагаскар забранува жените да работат ноќе.

Фото: Pixabay