Грција одлучи: Плаќаме сместување на туристите ако се разболат од корона

166

Грција ќе плаќа сместување на туристите кои ќе бидат позитивни на коронавирус, изјaви портпаролот на грчката влада, Стелиос Петсас.

“Ќе бидат сместени во хотел, а трошоците ќе ги сноси државата“, рече Петсас. Тој додаде дека Грција плаќа сместување на оние кои дошле во земјата и мора да останат во карантин, откога Грција ги затвори границите.

Илјадници луѓе поминаа низ процесот на карантин, тестовите за Ковид – 19 се прават на меѓународниот аеродром во Атина, а луѓето остануваат во хотел една ноќ додека не стигнат резултатите од тестот. Во зависност од резултатите на тестот, туристите може да останат во седумдневен карантин или под строг надзор 14 дена, ако се позитивни.

“Нашата цел е обезбедиме максимална сигурност за мештаните и туристите“, нагласи Петсас, но не појасни дали Грција, покрај сместувањето ќе плати и за храната и лековите на туристите позитивни на Ковид – 19.

Фото: Pixabay