Најбогатите се побогати за 565 милијарди долари, а 42,6 милиони се без работа

104

Богатството на американските милијардери меѓу кои се сопственикот на Amazon, Џеф Безос и основачот на Facebook, Марк Цукерберг е зголемено за 565 милијарди долари.

Како што се наведува во истражувањето на американскиот институт за политички студии од 18 март до денес, во период од 11 недели, 42,6 милиони Американци се пријавиле во бирото за невработени, а истовремено богатството на најбогатите Американци порасна за 565 милијарди долари, пренесува Reuters.

“Статистиката не потсетува дека степенот на економска и расна поделеност најголема во последните неколку недели“, изјави Чак Колинс, еден од коавторите на ова истражување.

За 11 недели вонредна состојба богатството на Безос е зголемено за 36,2 милијарди долари, на Цукерберг за 30,1 милијарди долари, а на Илон Маск, извршен директор на Tesla за 14,1 милијарди долари.

Само за една недела најбогатите Американци се побогати за 79 милијарди долари.

Фото: Pixabay