Пораст на прометот во индустријата и во април

79

CC4DA2C428F7A845B921218D84B17CBDСпоред податоците на Државниот завод за статистика прометот во индустријата во април, споредено со истиот период лани, бележи пораст од 7%.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во април годинава, во однос на истиот период минатата година, бележи опаѓање од 4%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 12,8%.

Споредено по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во април 2013 година, во однос на април 2012 година, бележи пораст од 24,3%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,2%.

Во однос на главните индустриски групи, прометот во април 2013 година, во однос на април 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,2%, Капитални производи за 20,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 68,5% и Трајни производи за широка потрошувачка за 7,5%.