Во текот на минатата година, жителите на Европската унија постари од 15 години очекувале работниот век да им биде 35,9 години, што е за 0,2 години подолго од просекот од 2018 година и 3,6 години повеќе во однос на 2000 година, покажуваат податоците на Eurostat.
Мажите очекуваат да работат повеќе од жените (38,3 години за мажи во споредба со 33,4 за жени). Податоците покажуваат дека мажите работеле 7,1 години повеќе од жените во 2000 година, а во 2019 година таа разлика се стеснува на 4,9 години.
Меѓу земјите членки на ЕУ, најдолг работен век имаат жителите на Шведска и Холандија (42 и 41 година во 2019 година), а нив ги следат: Данска (40 години), Германија (39,1 година) и Естонија (39 години):
Од друга страна, најкраток работен век е забележан во: Италија (32 години), Хрватска (32,5 години), Грција (33,2 години), Белгија и Полска (по 33,6 години):
Очекуваниот работен век за Македонија е 31,7 години, додека кај земјите од окружувањето е: Србија (33,4 години), Црна Гора (32,7 години), Словенија (35,9 години) и Бугарија (34 години).
Фото: Freepik











