Bank of America: Купувајте европски акции

173

Аналитичарите на Bank of America предвидуваат дека европските акции до крајот на септември ќе пораснат во просек за дополнителни 10%. Рударскиот и банкарскиот сектор сега веќе се чинат преценети, пишуваат аналитичарите на Bank of America, а тие два сектори би требало да имаат најголема корист од пресврт на економијата.

“Иако некои економски активности нема да се вратат наскоро, широкото укинување на ограничувањата сепак подразбира простор за значително зголемување на економските активности“, велат аналитичарите од Bank of America во белешката до клиентите.

Европската централна банка (ЕЦБ) неуморно се грижи за свежата ликвидност. Во четвртокот објави дека ја засилува програмата за откуп на обврзници PEPP (Pandemic Emergency Purchase Programme) за 600 милијарди евра (на 1,35 илјади милијарди) и ги продолжи откупите најмалку до јуни 2021 година. Најавува дека ќе ја спроведе програмата за квантитативно олеснување онолку долго колку што е потребно, освен ако, се разбира, инфлацијата не ги спречува плановите, но засега сè уште е под целта од 2% (се очекува да биде само 1,3% следната година).

Во редовната квартална прогноза, EЦБ, исто така, проценува дека економијата на еврозоната ќе се намали за 8,7% оваа година, а следната година ќе закрепне со стапка од 5,2%.

Фото: Pixabay