Погледнете кој град е втор во листата на најскапи градови за странски работници

165

Пронајдете го натрапникот на оваа листа на светски градови: Хонг Конг, Цирих, Сингапур… и Ашхабад?

Престолнината на Туркменистан можеби не би ви паднала на памет кога размислувате за дестинации за оние со длабок џеб, но Ашхабад е сега втор најскап град на светот за работници од странство, вели новата студија на Mercer за трошоци на живот.

Качувањето на Ашхабад за пет места на овогодишната листа е најмногу поради моменталната економска криза, недостаток на храна и хиперинфлација.

И Хонг Конг искусил неволји во вид на политички немири, но повторно е на врвот на листата, делумно благодарение на тоа што ги има најскапите недвижнини на светот.

Во Њујорк најскапи се средствата за чистење

Податоците на Mercer се од месец март, така да не ги одразуваат во потполност ефектите на кризата предизвикана од пандемијата на цените кои се земени предвид во рангирањето за 2020 година, но бидејќи цените на намирниците во САД се поскапени, како и во секоја друга држава, со сигурност може да се каже дека најскапите градови на светот станале уште поскапи.

На трошоците на живот за странци влијаат разни фактори, на пример, девизниот курс, инфлацијата, како и сместувањето, наведува Mercer во студијата чија содржина ја пренесува CNN.

Целта на студијата е да им се помогне на владите и меѓународните компании да ги одредат платите на работниците во странство. Рангирањето на Mercer на 209 глобални дестинации се базира на “кошница“ од 200 ставки кои влијаат на цената на животот за странците во некој град.

Оваа година се издвоиле трошоците поврзани со коронавирусот, а тука Њујорк станал најскап во категоријата средства за хигиена, особено сапуните и спрејовите за дезинфекција.

Еве и комплетна листа од првите 10 градови:

1. Хонг Конг (Кина)

2. Ашхабад (Туркменистан)

3. Токио (Јапонија)

4. Цирих (Швајцарија)

5. Сингапур

6. Њујорк (САД)

7. Шангај (Кина)

8. Берн (Швајцарија)

9. Женева (Швајцарија)

10. Пекинг (Кина)

Фото: Pixabay