Македонија е 103-та земја во светот по увоз на автомобили, што минатата година достигна вредност од 218.620.000 долари или 10,2% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.
Увозот на автомобили на глобално ниво лани изнесуваше 774,3 милијарди долари, а САД имаат најголем удел од над 23% или 179,5 милијарди долари. Како најголеми увозници на автомобили се и: Германија (70,5 милијарди долари), Кина (47,1 милијарда долари), Велика Британија (43,8 милијарди долари) и Белгија (39,9 милијарди долари).
Од земјите во регионот, Словенија е 28-ма по увоз на автомобили што лани достигна вредност од над четири милијарди долари. Потоа следуваат: Грција (1,7 милијарди долари), Хрватска (1,5 милијарди долари), Србија (590,4 милиони долари) и Босна и Херцеговина (508,2 милиони долари).
Кога станува збор за извозот, земјава лани инкасираше околу милион долари, додека на глобално ниво извозот имаше вредност од 758,4 милијарди долари.
Фото: Freepik