Германија од извоз на автомобили лани инкасираше 142,3 милијарди долари

114

Извозот на автомобили во светот лани достигна вредност од 758,4 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Лидер според извоз на автомобили на планетата е Германија, којашто лани од оваа индустрија инкасираше 142,3 милијарди долари или 18,8% од вкупниот извоз во светот.

Меѓу петте најголеми извозници на автомобили во светот се и: Јапонија (98 милијарди долари), САД (56 милијарди долари), Мексико (49,6 милијарди долари) и Канада (40,7 милијарди долари).

Од земјите во регионот, Словенија е на 24-то место со извезени автомобили во вредност од 5,8 милијарди долари. Потоа следуваат: Србија (591 милион долари), Хрватска (440 милиони долари), Бугарија (311 милиони долари), Грција (49 милиони долари), Црна Гора (23 милиони долари), Босна и Херцеговина (5,6 милиони долари), Албанија (2,8 милиони долари).

Нашата земја е 105-та во светот по извоз на автомобили, од што лани се заработени нешто над милион долари.

Фото: Pixаbay