Познатиот ланец на кафетерии Starbucks не може да се пофали со добар квартал бидејќи очекува загуба од 3,2 милијарди долари, поради карантинските мерки.
Последиците се најзабележителни во угостителскиот сектор и туризмот, така што овој гигант не е исклучок. Во изминатиот период, немаше “муабетење“ со пријателите во локалите на Starbucks низ САД, но и низ целиот свет, или долги редици за кафе, пред да се замине на работа.
Сите ресторани и кафулиња се соочија со истиот проблем, а оние кои “вртеа“ многу пари, а со тоа и вложија многу во нивниот бизнис, беа особено загрозени: започнувајќи со закуп на простор, големина, локација, декорација, производи… Меѓу нив и оваа кафетерија.
Со години, тоа беше прва станица за милиони вработени кои бараат брзо будење. Сепак, тие работеа од дома околу три месеци, а многумина сè уште го прават. За тоа време, се собираа сметки и загуби, а на залихите им истекува рокот.
Новиот план на кафетеријата е брзо имплементирање на услугата pickup. Станува збор за кафетерии од помал формат, без маси и столици. Поради измената на концептот, 400 локали на Starbucks ќе бидат затворени.
Фото: Facebook