Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во мај 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 9,8%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 5,8%.
Во мај 2020 година, во споредба со мај 2019 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 89,5, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100,2.
Во делот аутпут, во мај 2020 година, во споредба со мај 2019 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 107,7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100,1.
Фото: Freepik