Македонија е 166-та земја во светот по увоз на вино што минатата година достигна вредност од 1.099.000 долари или 61,1% повеќе во однос на 2018 година.
На глобално ниво, увозот на вино минатата година беше на ниво од 37 милијарди долари или 3,3% помалку одошто во 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.
Најголем увозник на вино во светот лани беа САД со 17,6% удел или 6,5 милијарди долари. Во топ пет најголеми увозници на вино лани беа и: Велика Британија (4,4 милијарди долари), Германија (2,9 милијарди долари), Кина (2,4 милијарди долари) и Канада (1,9 милијарди долари).
Од регионот, најголеми увозници на вино во 2019 година беа: Грција (54,1 милион долари), Хрватска (37,1 милион долари), Србија (30,8 милиони долари), Бугарија (23,5 милиони долари), Босна и Херцеговина (19,2 милиони долари), Словенија (15,4 милиони долари) и Албанија (11,8 милиони долари).
Кога станува збор за извозот на вино, земјава во 2019 година на странски пазари продаде вино во вредност од 51,8 милиони долари.
Фото: Freepik