Хотелски капсули нов хит на аеродромите, а сместувањето чини до три евра на ден

161

Во Иран е претставена хотелска капсула, а планот е да се користи на локации како што се аеродроми, патнички терминали и железнички станици. По примерот на Јапонците и Кинезите, Иранците планираат функционалното сместување да го распространат по цела земја, но и да почнат со производство на истите.

Капсулите се опремени со најосновни работи, како кревет, телевизија и пристап до интернет.

Посебна предност на хотелските капсули ќе биде дезинфекцијата којашто може да се заврши за три минути, а сместувањето чини од едно до три евра на ден.

Фото: YouTube Printscreen