Лани сме потрошиле 43,7 милиони долари на увоз на чоколади

Македонија е 72-ра во светот по увоз на чоколади, којшто минатата година достигна вредност од 43.770.000 долари или пад од 0,3% во споредба со 2018 година.

Од друга страна, од извоз на чоколади лани сме заработиле 13,6 милиони долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

На глобално ниво, увозот на чоколади минатата 2019 година беше на ниво од 28,5 милијарди долари, што е пад од 1,3% во однос на претходната година.

Најголеми меѓу увозниците на чоколадо во светот се: САД (три милијарди долари), Германија (2,4 милијарди долари), Франција (2,2 милијарди долари) Велика Британија (2,1 милијарда долари) и Холандија (1,4 милијарди долари).

На регионално ниво, Бугарија лани увезла најмногу чоколадо и тоа во вредност од 183,9 милиони долари. Следни се: Хрватска (173,7 милиони долари), Грција (139,5 милиони долари), Словенија (119,7 милиони долари), Босна и Херцеговина (99,6 милиони долари) и Србија (91 милион долари).

Фото: Freepik