Извозот на чоколадо лани ни донесе 13,6 милиони долари

104

Извозот на чоколадо минатата година достигна вредност од 29,2 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Нашата земја е 64-та во светски рамки со продадено чоколадо на странски пазари во вредност од 13,6 милиони долари.

Најголем извозник во светот е Германија, којашто лани продаде чоколадо во висина од 4,9 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници во светот се и: Белгија (3,1 милијарди долари), Италија (2,1 милијарди долари), Холандија (две милијарди долари) и Полска (1,8 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголеми извозници на чоколадо се Хрватска (195,2 милиони долари) и Бугарија (190,7 милиони долари). Потоа следуваат: Србија (69,9 милиони долари), Грција (43 милиони долари) и Словенија (36,7 милиони долари).

Фото: Pixabay