Македонија е 60-та земја во светот по увоз на памук, чија вредност лани достигна 92.122.000 долари или 15,1% помалку одошто во 2018 година.
Во светот лани увозот беше на ниво од 49,5 милијарди долари, што е 6,8% помалку во споредба со една година претходно.
Најголеми увозници на памук во светот минатата година беа: Кина (9,2 милијарди долари), Бангладеш (5,4 милијарди долари), Виетнам (4,7 милијарди долари), Турција (2,6 милијарди долари) и Индонезија (1,8 милијарди долари).
Од земјите во регионот, најголем увоз на памук лани имала Бугарија со 163,8 милиони долари. По нашата земја, памук увезоа и: Грција (81 милион долари), Србија (63,7 милиони долари), Албанија (60,5 милиони долари), Хрватска (42,5 милиони долари), Словенија (39,8 милиони долари) и Босна и Херцеговина (27,5 милиони долари).
Извозот на памук минатата година во светот беше 53,3 милијарди долари, а Македонија инкасираше 14,4 милиони долари.
Фото: Freepik











