BMW затвора 6.000 работни места

233

Германскиот производител на автомобили BMW денеска објави дека ќе затвори 6.000 работни места, како дел од прилагодувањето на намалената побарувачка, предизвикана од пандемија на коронавирусот.

Мерката се однесува на работниците кои се близу до пензија, додека помладите вработени можат да добијат финансиска поддршка за високо образование, со загарантирана работа по дипломирањето.

Тоа е помалку од 5% од вработените во германската компанија, која има 126.000 работници ширум светот.

Фото:Pixabay