Приходите од туризмот паднаа на седум милиони евра во април од 544 милиони евра истиот месец минатата година, соопшти Централната банка на Грција.
Како што се наведува во соопштението ова се должи на наглото влошување на билансот од патувањата и транспортот.
Поточно, вишокот на патничкиот биланс паднал скоро на нула, бидејќи доаѓањето на странските туристи, како и приходот од нив, паднал 96,2 %, а уплатите за патување се намалиле за 99,2 %.
Фото:Pixabay