Турција е многу близу да стане една од 10-те најголеми економии во светот

198

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, викендов отвори нова брана во источниот дел на земјата, пренесува агенција Анадолија (АА).

Обраќајќи се на свеченото отворање на браната во Карс преку видеоконференција, Ердоган рече дека е задоволен што се додава уште еден прстен на браните што ја опкружуваат земјата како ѓердан.

Истакнувајќи дека кога дошле на власт во земјата имало вкупно 276, а сега бројат  585 брани.

Тој нагласи дека во периодот на епидемијата од коронавирусот се забележува колку Турција напредувала во демократијата и економијата, и рече дека пандемијата, во која и развиените земји останаа беспомошни, Турција ја поминала со еден примерен менаџмент и од аспект на здравствената инфраструктура и од аспект на синџирот на снабдување со храна.

Турскиот претседател наведе дека покрај приоритетот за заштита на здравјето на населението за време на епидемијата, посветено е внимание и на заштитата на економијата во земјата.

“Ефектите од мерките што ги презедовме почнавме да ги забележуваме во месец мај.  Индексот за економска доверба се зголеми за 20% во мај и достигна 62%. Бројот на основани компании е зголемен за 22,2% во мај во однос на претходниот месец. Од почетокот на јуни, динамиката во секторот за градежништво и автомобилската индустрија доби интензитет. Нашите извозници работат напорно за да ги зајакнат постојните пазари и да најдат нови пазари. Централната банка ги зголеми нашите девизни резерви на над 93 милијарди долари“, изјави Ердоган.

Тој посочи дека и покрај тоа што во првиот квартал на 2020 година најголемиот дел од март го поминале во борба со епидемијата, рече дека постигнале стапка на раст од 4,5%.

“Со втората половина од годината, се очекува вистински импулс во економијата. Турција е многу близу да стане една од 10-те најголеми економии во светот“, рече Ердоган.