Најлошото помина Германија започнува да закрепнува

270

Германија ги помина најлошите моменти кога станува збор за економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус. Земјата сега е на пат на закрепнување, изјави шефот на централната банка, Јенс Веидман.

“Последните месеци доживеавме најдлабок економски пад во германската (повоена) историја. Добрата вест е што најлошото треба да биде позади нас и работите полека се придвижуваат кон подобро. Но, по длабокиот пад, закрепнувањето ќе биде постепено“, изјави Веидман за Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Тој на коментарите дека Германија порано позната како “штедлива“ нација, сега драстично го “одврзала кесето“, изјави дека сликата за нивното домаќинство е погрешно претставена. Земјата не штеди поради штедење, туку да има пари кои може разумно да ги троши во случај да настапат тешки времиња, а токму ова е таков случај.

Владата на канцеларката Ангела Меркел ги изненади сите во март кога откри пакет за спас во износ од 1,1 билиони евра. Н почетокот на месецов соопштија дека ќе инвестираат уште 130 милијарди евра во разни шеми, вклучувајќи и намалено ДДВ, заради поттикнување на економијата.

Фото: Pixabay