Swarovski го менува бизнис моделот и ќе го намали бројот на работници

77

Познатата австриска куќа за луксузен накит, Swarovski најави големо намалување на бројот на вработени ширум светот.

Во седиштето во австриското место Ватенс, бројот на вработени ќе се намали за 200, а во светот за 600. Исто така, одлучено е да се работи со скратено работно време до крајот на септември, а тоа се однесува на сите вработени.

Како причина за овој чекор, Swarovski ја наведува пандемијата на коронавирусот, која тешко го погоди меѓународниот пазар на луксузни производи. Како што е наведено во соопштението, во првата половина од оваа година има значително намалување на продажбата.

Минатата година, Swarovski оствари профит од 2,7 милијарди евра.

Покрај пандемијата, компанијата укажува дека на одлуката за мерките влијаело и новото ефикасно поставување на концернот.

Организационата структура и деловниот модел, како што се наведува во соопштението, ќе биде целосно изменет.

Фото: Pixabay