Дали и колку е потребна факултетска диплома за работа во овие компании?

340

Голем број студенти сметаат дека добивањето факултетска диплома и задолжување со големи студентски кредити е единствен начин да се вработат во водечки светски компании како што се Apple, Google, Netflix…, но тоа не е секогаш така.

Истакнати бизнис лидери, како што е генералната директорка на Siemens во Америка, Барбара Хемптон и извршниот директор на Apple, Тим Кук, ја преиспитуваат потребата за факултетско образование на своите вработени, пишува Business Insider.

Првиот човек на Tesla, Илон Маск смета дека ако некој заврши добар факултет, тоа може да биде показател за успех, но не секогаш. Кога им прави интервју на кандидатите за работи, тој бара да види каде работеле претходно и да опишат како ги решавале најтешките проблеми со коишто се соочиле.

Според Кук, околу половина од вработените во Apple, во САД, немаат факултетска диплома. Тој смета дека студентите на факултетите не ги добиваат дел од потребните вештини што се потребни на пазарот на труд.

Хемтон, пак, смета дека идејата за четиригодишно студирање не гарантира подготвеност за градење кариера.

“Често во огласите за работа се бара факултетска диплома, но во реалноста диплома за работа за кандидат кој аплицира воопшто не е потребно, тоа само им помага на нашите менаџери за вработување да направат селекција“, смета таа.

Од деловната социјална мрежа, LinkedIn, откриваат дека многу големи корпорации не бараат нивните вработени да имаат факултетска диплома. Анализите покажале дека постојат специфични позиции кои најверојатно ќе ги пополнат лица кои немаат диплома, како што електротехничари, механичари, дизајнери, маркетинг претставници и слично.

Фото: Freepik