Мерките преземени од страна на членките на ЕУ за спречување на пандемијата Ковид-19 кон средината на март беа во целосна сила во текот на април 2020 година. Бидејќи Ковид-19 за прв пат беше идентификуван во кинескиот град Вухан, Кина ги воведе првите рестриктивни мерки во средината на јануари. Според тоа, податоците од почетокот на 2020 година веќе покажуваат значително влијание на овие мерки врз меѓународната трговија со стоки, пишува Еurostat.
Сезонската трговија на ЕУ со Кина, вклучително увоз и извоз, падна од 46,5 милијарди евра во јануари 2020 година на 43,1 милијарди во февруари. Падот продолжи и во март и размената изнесуваше 41,9 милијарди евра, додека во април го надмина јануари и изнесуваше 49,0 милијарди евра.
Ова главно се должи на зголемениот увоз од Кина, на текстилни и хируршки маски за лице.
Во април 2020 година, забележан е пад на увозот од сите пет најголеми трговски партнери на ЕУ, освен Кина (12% поголем во однос на јануари 2020 година).
Гледајќи ги најтргуваните стоки меѓу ЕУ и Кина, и покрај генералниот пад, извозот на лекови (41%), вентили и сродни производи (25%), како и електрични погонски машини и делови (56%) нагло се зголеми во април, споредено со истиот месец во 2019 година. Најголем пад на извозот во ЕУ е забележан во автомобилската индустрија (над 1,2 милијарди евра или 71%) и авијациската индустрија (840 милиони евра или 89%).
Фото: Pixabay