СТО: Најголем пад на глобалната трговија забележан досега

59

Обемот на глобалната трговија во првата половина на 2020 година падна побрзо од било кога, откако се бележат податоците, објави Светската трговска организација (СТО).

Во споредба со претходната година, трговијата се намалила на глобално ниво за 3% во првиот квартал и приближно 18,5% во вториот квартал, според СТО.

СТО предупредува дека закрепнувањето на трговијата би можело да биде нарушено со избувнување на вториот бран на пандемијата од коронавирус, послаб економски раст од очекуваниот или проширување на трговските ограничувања во светот.

“Падот на трговијата кој го гледаме е со историски размери ќе биде најостриот забележан пад во историјата. Но, има и една светла точка во сето тоа – можеше да биде многу полошо“, изјави директорот на СТО, Роберто Азеведо, додавајќи дека за силно закрепнување во 2021 година потребно е фискалната, монетарната и трговската политика да бидат насочени во иста насока.

Фото: Facebook