На понуда дијаманти во сите бои – по пауза повторно аукција во Женева

86

За време на пандемијата од коронавирус, аукциската куќа Sotheby’s немаше проблеми со продажбата бидејќи непречено се одвиваше преку интернет.

Сепак, тие со нетрпение чекаат враќање на аукциите во живо кои имаат посебен шарм, а подготвија и специјални изненадувања за љубителите на накит. Ретки дијаманти и накит ќе бараат нови сопственици на полугодишната аукциска продажба на Sotheby’s  во Женева.

“Аукцијата во живо го има својот шарм, апсолутно. Знаете, драма, возбуда. Но, продажбата преку интернет ќе продолжи да постои, нема сомнение за тоа“, вели Дејвид Бенет, претставник на Sotheby’s колекцијата на накит. Нивниот ривал, аукциската куќа Christie’s, закажа продажба на накит на 22 јули.

Во Sotheby’s добро се подготвиле за претстојната аукција и на продажба ќе биде понудена нараквица од Cartier со геометриски облици и листови дизајнирани во 30-тите години на минатиот век.

“Навистина убав примерок. Ова е примерок од најдобриот период на производството на Cartier“, вели Бенет.

Но, главна атракција на оваа аукција е многу редок необработен сафир од 100 карати кој потекнува од Шри Ланка.

Фото: Facebook