За заминување од земјата размислуваат 71% од младите во Западен Балкан

113

Специјалното издание на истражувањето Балкански барометар 2020, посветено за влијанието на вирусот Ковид-19, спроведено од Регионалниот совет за соработка (РСС) во мај, дава кратка анализа на јавното мислење и бизнисмени, којашто покажува дека 72% од граѓаните од Западен Балкан сметаат дека пандемијата е голема закана за нивните национални економии.

Од РСС изјавиле дека 68% од граѓаните се многу загрижени за своето или за работното место на членот на своето семејство, додека само една третина се задоволни од мерките кои надлежните ги спроведуваат за зачувување на работните места. Истражувањето покажало дека 60% од деловните субјекти го намалиле обемот на бизнисот поради избувнувањето на пандемијата, додека 21% привремено или целосно престанале да работат. Само 5% од нив на работниците им дале отказ.

Балканскиот барометар 2020 покажува дека заминувањето на квалификувана работна сила стана главна грижа на граѓаните, затоа што тој процент од 0% во 2015 година скокна на сегашните 20%.

“Неверојатни 71% од младите во Западен Балкан размислуваат да заминат во странство на работа“, стои во соопштението на RCC.

Фото: Pixabay