Германија ќе го намали приливот на работници од Балканот

119

Поради растечкиот број на невработени во коронавирус кризата, владејачката ЦДУ/ЦСУ планира да ја намали понатамошната миграција на работна сила. Намалувањето ќе биде извршено на основа на одлуката од 2016 година за олеснување за граѓаните од Западен Балкан.

Работните групи од владејачката фракција се согласиле олеснувањата, кои истекуваат кон крајот на годината, да ги продолжат за две години, но се согласиле и во врска со намалувањето на можноста неквалификуваната работна сила да може да ги користи истите, пишува Welt am Sonntag.

Правилото за работници од Западен Балкан е воведено пред пет години, откако властите ги наведоа земјите од Западен Балкан како безбедни земји на потекло со намера да се намали масовната имиграција преку системот на азил.

Податоците на Eurostat покажуваат дека Германија им е најомилена на македонските државјани кои се решаваат да побараат подобри услови за живот и работа во странство. Па така, на први јануари лани во Германија се регистрирани 102.052 македонски државјани.

Фото: Pixabay