БДП на Истанбул е поголем отколку на осум балкански земји заедно

129

Бруто домашниот производ (БДП) на Истанбул е поголем од оној во Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора заедно, објави на Twitter, Сонер Чагаптај, директор на турската истражувачка програма на Институтот за политика на блискиот исток во Вашингтон.

Најголемиот турски град има БДП од 256 милијарди долари, а осумте балкански земји заедно имаат 253 милијарди долари.

Според Светската банка, БДП на Турција минатата година изнесувал 740 милијарди долари, а за илустрација, БДП на Македонија во 2018 година изнесувал 12,6 милијарди долари.

Истанбул има 15,5 милиони жители, а наведените осум земји заедно 28,6 милиони.

Фото: Pixabay