Глобалниот енергетски гигант British Petroleum (BP) соопшти дека одлучил да го продаде петрохемискиот бизнис на хемиската компанија INEOS за пет милијарди долари.
Петрохемискиот бизнис вклучува производство на ароматични јаглеводороди и ацетил. Има 14 погони за производство во Азија, Европа и САД и минатата година произведе 9,7 милиони тони петрохемиски производи.
BP одлучи да го продаде тој дел од бизнисот поради падот на цената на нафтата и фактот дека троши многу повеќе отколку што заработува, па нивниот нето долг на крајот на првиот квартал од оваа година достигна шест милијарди долари.
На почетокот на јуни, тие најавија планови за намалување на 10.000 работни места низ целиот свет, најмногу оваа година.
INEOS, мултинационална компанија со седиште во Лондон, е специјализирана за производство на хемикалии, а со купување на делот на BP сака да го зголеми својот удел на глобалниот пазар, соопшти основачот и претседател на компанијата Џим Ратклиф.
Фото: Facebook