Вашите мисли и работите што си ги кажувате самите себе и на другите се помоќни од што знаете. Овие фрази го одредуваат начинот на кој размислувате, како делувате и како другите ве перципираат. Она што вие можеби мислите дека е површна и безопасна забелешка може да влијае на текот на целиот ден, па дури и кариера без притоа вие да сте свесни за тоа, пишува Forbes.
Во продолжение се неколку фрази што никогаш нема да ги чуете од успешни луѓе.
Еден од тие денови
Верувањето дека сè е погрешно и дека светот кова завера против вас нема да ве доведе до успех. Верувањето дека лоши работи во моментов се случуваат и ќе продолжат да се случуваат ќе ве истренира да забележувате само негативни страни. Употребата на оваа фраза е манифестација на несреќа што само ќе се претопува во вашето секојдневие.
Наместо ова, обидете се да размислувате за индивидуалните неприлики како некој вид мали тестови. Создадете малку дистанца меѓу вас самите и тест. Набљудувајте го објективно и делувате соодветно. Тоа не е нешто лично, или малициозно, тоа е едноставно некаква препрека пред вас со која вие одбирате како ќе се справите. Одберете да бидете благодарни за постоењето на ваквите тестови бидејќи сега имате шанса да бидете вистински стручњак во справувањето со него.
Не сум виновен/а
Сè е ваша кривица и тоа е добро. Успешните луѓе знаат дека сè што се случува со нивните бизниси е поврзано со некое дејство кое го презеле или требале да го преземат, колку и да бил тој чекор индиректен. Може да станува збор за ангажирање на несоодветен вработен, или истражување кое не сте го спровеле, а требало, или пак проблем што не сте го предвиделе. Во секој случај, ако го поседувате проблемот тогаш го поседувате и решението.
Ќе се обидам
Успешните луѓе одлучуваат што ќе прават и го прават тоа. Ако се посветат на некој проект што треба да го реализираат, тие ќе го исполнат тоа ветување. Одговорот од типот: Ќе се обидам, значи: Ова не ми е важно, Не е приоритет. Ако сте во ваква ситуација, тогаш едноставно заминете си од неа.
Да почекаме да видиме
Чекањето да се види дали нешто ќе се случи е правилна стратегија во многу редок број случаи. Успешните луѓе не дозволуваат успехот да зависи од силите на пазарот или надворешните прилики, тие го прават успехот неизбежен. Замислете си промоција на книга. Ако вашата книга е напишана, вашата содржина е договорена, вашите мејлови со известувањето за промоцијата се подготвени, вашата маркетинг инка е поставена, вашите рецензенти се исто така спремни, како и издавачот, и по сево ова, тогаш е во ред да почекате да видите како ќе помине промоцијата. Но, дури и чекањето нема да биде залудно бидејќи ќе набљудувате, проценувате и одговарате на прашања. Чекањето наместо преземањето дејства нема да ве доведе до позитивен исход. Погодувањето на вистинското време е клучно, а пасивното набљудување може да стане навика од која тешко ќе можете да се откажете.
Наместо да чекате да видите што ќе се случи, предвидете ја иднината. Создадете мапа од различни сценарија со вклучени причини и последици, и имајте план за секој од тие сценарија.
Фото: Pixabay