Грција од утре во шест часот наутро ги затвора границите за државјаните на Србија, вели српскиот министер за трговија и туризам Расим Љаиќ.
На туристите од Србија кои се во Грција им е овозможено да ги завршат своите аранжмани, пренесува B92.
Грција ја донела одлуката поради епидемиолошката ситуација во Србија и големиот број на луѓе од Србија во Грција кои се позитивни.
Фото:Pixabay