Издавачот на Daily Mirror и Daily Express ќе укине 550 работни места

21

Издавачот на британските весници Daily Mirror и Daily Express, Reach, планира да укине околу 550 работни места, бидејќи поради епидемијата на коронавирусот повеќе читатели се префрлиле на интернет, а во исто време се намалени и приходите од рекламирање.

Структурните промени во медиумскиот сектор се забрзаа за време на пандемијата и тоа доведе до зголемено прифаќање на нашите дигитални производи, се вели во изјавата на извршниот директор на Reach, Џим Мулен.

“Покрај тоа, поради намаленото рекламирање, не гледаме сразмерни зголемувања на дигиталните приходи“, истакна тој.

Претставници на Reach, велат дека компанијата планира намалување на бројот на персоналот за околу 550 вработени или 12% од својата работна сила, бидејќи се обидува да заштеди годишни расходи од 35 милиони фунти. Компанијата, која исто така поседува голем број регионални весници во Велика Британија, соопшти дека преструктуирањето би ја чинело групата 20 милиони фунти. Приходите на Рич паднаа за 27,5% во вториот квартал.
Фото: Pixabay