Котација на државни обврзници вредни 300 милиони денари

На официјалниот пазар на Македонска берза, на подсегментот Берзанска котација, утре ќе бидат примени на котација државни обврзници, информираа од берзата.

Основни карактеристики на обврзниците се:

Вид на хартија од вредност: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 300.020.000 денари
Број на издадени хартии од вредност: 30.002
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 денари
Датум на издавање: 18.06.2020
Датум на достасување: 18.06.2035
Каматна стапка: 3%
Датум на исплата на камата: еднаш годишно почнувајќи од 18.06.2021
Шифра на тргување: M180635
ИСИН: MKMINF20GU02

Фото: Freepik