Основачот на Twitter одвојува три милиони долари на експеримент со седум милиони Американци

75

Џек Дорси, милијардер и коосновач на Twitter, ќе потроши три милиони долари на еден експеримент.

Станува збор за проект за гарантиран приход и би требало да опфати 14 градови и седум милиони Американци, пренесува Business Insider. Сепак, не е познато кога ќе почне, колку луѓе ќе бидат дел од него и колку пари би можеле да добијат.

Се верува дека експериментот би имал цел да ја намали сиромаштијата меѓу луѓето, што треба да има позитивен ефект врз економијата, посебно во време на пандемија.

Некои сметаат дека ако на луѓето им се обезбеди одреден сигурен износ на пари, тие би можеле да се посветат на барање на работа во којашто ќе можат да уживаат и да го дадат својот максимум.

Пред неколку годии во Финска беше направен сличен експеримент во којшто во текот на две години повеќе од 2.000 невработени на возраст меѓу 25 и 28 години секој месец добивале по 560 евра. Резултатите покажуваат дека лицата кои примале пари биле посреќни во однос на контролната група, додека бројот на лица кои учествувале во проектот, а кои добиле работа, не бил значително зголемен.

Фото: Twitter